На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд – Касацискиот суд на Грција се разгледуваат две жалби на седум лица против распуштањето на здружението Центар за македонски јазик во Грција со седиште во Лерин, Грција, кое има за цел зачувување и негување на македонскиот јазик, како автохтон јазик во Грција.
Како што соопшто македонското здружение, овие седум лица беа членови на одборот на директори на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање на здружението, беа покренати две тужби против неговото признавање, првата од страна на јавниот обвинител на Лерин и здружението „Пан-македонски сојуз на Македонската борба на Грција – Австралија“, во кои се вмешаа и други лица (физички и правни), а втората од страна на јавниот обвинител на Лерин и здружението „Пан-грчко здружение на потомци на македонски борци – Павлос Мелас“.
Овие двe судења донесоа две соодветни историски одлуки во врска со основните права во Грција. Одлуките ги отфрлија горенаведените тужби и врз основа на тие одлуки Центарот продолжи да постои законски. Сепак, противниците на Центарот поднесоа две соодветни жалби против тие две историски одлуки, кои беа прифатени од Апелациониот суд во Кожани, кој ги усвои ставовите на противниците. Тие ставови тврдеа дека постои забуна во врска со целите на здружението и дека постои закана за јавниот ред во Грција. Затоа, со две соодветни одлуки, Апелациониот суд нареди распуштање на здружението.
Двата судења против двете одлуки на Апелациониот суд ќе се одржат на 21 септември 2026 година во Врховниот суд на Грција, како што е споменато погоре. Во случај Врховниот суд да донесе две негативни одлуки, слично како и Апелациониот суд, Центарот за македонски јазик во Грција ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, каде што здруженијата кои се залагаат за правата на малцинствата во Грција отсекогаш биле оправдани. Сепак, неопходен услов за поднесување случаи до ЕСЧП е прво да се исцрпат нивоата на надлежност во Грција, односно двата судења да ги води Врховниот суд на Грција.
Од македонското здружение споделија инфромација дела трошоците за двете судења во Врховниот суд на Грција, кои вклучуваат судски трошоци, даноци, адвокатски трошоци износуваат околу 10.000 евра, износ што мора да се собере до 15 септември 2026 година.
„Центарот за македонски јазик во Грција бара финансиска поддршка, при што добредојден е било каков износ, сè додека не се покријат 10.000 евра, до секое лице и колектив заинтересиран да ја поддржи клучната правна борба за фундаменталните права во Грција. Донациите може да се направат преку Меѓународното Македонско движење за човекови права, чија непроценлива поддршка ја овозможува нашата работа. Ние, членовите на Центарот за македонски јазик во Грција, ви благодариме однапред. Донирајте на mhrmi.org/donations, e-transfer [email protected], или за да направите алтернативни договори, ве молиме контактирајте го Меѓународното Македонско движење за човекови права, информираа од Здружението.





