Голем пожар беснее во близина на Штип

Со огромна огнена топка што се гледа од речиси сите делови на Штип се борат пожарникарите и доцните вечерни часови, откако пожар изби поладнето по 17 часот, во близина на Плуждино и се движи кон Кадидере. Гори треба и нискостеблеста шума.

Покрај штипските пожарникари, се највува помош и од колегите од околните градови, на терен се и вработени во јавните пртетпријатија со целокупната механизација.

Попладнето се наоблачи во Штип, немаше дожд, но неколку пати се слушна грмење и татнеж. Првата претпоставка е дека гром е причина за пожарот, вели градоначалникот Иван Јорданов.

-Поради непристапниот терен и ветерот, пожарот се шири и во моментов, но сакам да аплеирам нема простор од паника. Мобилизирани сме максимално, контактирани се ЦУК, ДЗР, други ППТЕ да направиме заштитен обрач и да не се дозволи ширење на огнот кон околните населби, изјави Јорданов.

Ќе биде долга ноќ, а најавено е доаѓањето на помош од Кавадарци и Свети Николе и дополнителна помош. Приоритет е заштита на околните куќи, викендички и имотите на граѓаните.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ