Медиуми: Екс селекторот Милевски е новиот тренер на Шкендија

Фото: ФФМ

Без официјална потврда, албанските медиуми информираат дека поранешниот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски потпишал договор со тетовска Шкендија и е новиот тренер на клубот.

Милевски според пишувањата, најавил дека ќе донесе репрезентативец во редовите на Шкендија, додека во меѓувреме наводно се преговара со Аријан Адеми за да биде дел од тимот.

Засега и клубот и Милевски не се огласија за потврда.

Шкендија остана без тренер, откако си замина Јетон Беќири. Покрај името на Милевски како негови заменици се споменуваа и Арсим Тачи и Југослав Тренчевски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ