(Видео) Никола Ристановски прогласен за најдобар актер на фестивалот „Петар Кочиќ“ во Бања Лука

Театарскиот фестивал Театар фест „Петар Кочиќ“ во Бања Лука штотуку заврши, а жирито едногласно донесе одлука наградата за најдобар актер на фестивалот да му припадне на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ на Звездара театар.

Жирито на 28. театарски фестивал работеше во следниот состав: актерката Наташа Периќ, режисерот и универзитетски професор Душан Петровиќ, и драматургот Молина Удовички Фотез, претседател.

Во нивното образложение стои дека Никола Ристановски „непосредно, едноставно, искрено и суптилно го гради ликот на професорот Бабиќ, интелектуалец растргнат меѓу баналната стварност и силната внатрешна потреба за слобода“.

Ова е четврта награда за Ристановски за улогата на професорот Бабиќ во „Уна“, откако претходно беше награден и на Деновите на Зоран Радмиловиќ во Зајечар, како и на Глумачките свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ