(Видео) Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

Драматични повици за интервенција и најава дека во Итната помош се носи човек, кој беше изваден од вила во оган и чад во штипската населба Кадидере, упати пожарникарот Александар Горѓиевски.

Според информациите чади покривот од вилата, во чија близина се уште неколку други вили, кои засега не се во опасност. Во близина се разгоре големиот пожар кај Плуждино, што избувна вчера попладне по удар на гром и кој доцна вечерта беше ставен под контрола. Пожарникарите се на терен, по што очекуваме повеќе информации.

Видео: ФБ Александар Ѓорѓиевски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ