Синоќа околу 20:30 ќасот е локализиран пожарот што избувна вчера попладне во атарот на селото Долани, поточно помеѓу селата Долани и Љуботен, Општина Штип. ТППЕ – Штип веднаш со две екипи веднаш излезе на терен, а по проширување, побарана е дополнителна помош.
Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.
Подоцна, пожарот се прошири во правец кон селото Љуботен, каде што беше зафатена сува трева, нискостеблеста и борова шума. Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош.
Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош.





