Војната заврши, а горивата во Македонија поскапуваат

Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 денари до 2 денари за литар, а дизелот за пола денар. Поевтинуваат Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден/литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден/литар со што новата цена ќе биде 86,50 ден/лит.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,074 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од  46,223 ден/кг. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ