Денешното опожарување на две возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје е втор вандалски чин против дипломатското претставништво на оваа држава.
Претходно, во јануари, 54-годишен скопјанец го скрши стаклото на една од влезните врати на Амбасадата.
И тогаш официјална Софија реагираше бурно, а македонското МВР експресно го идентификуваше сторителот и истиот беше приведен. И тогаш македонската Влада го осуди нападот, а премиерот Христијан Мицкоски тогаш изјави дека државата не може да го превенира секој поединечен кривично-правен настан, но дека одговорноста на институциите е јасна и недвосмислена.





