Брзата интервенција на конзулот со противпожарниот апарат ги спасило двете запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, која најостро го осуди, како што соопшти, „овој демонстративен акт на агресија, кој го загрозува здравјето и животот на вработените во амбасадата во Скопје“.
При тоа од соопштението на МНР се инсистира на „брзо и праведно судско постапување по случајот“.
-Ова ново посегнување против Бугарија и Бугарите е резултат на агресивниот политички говор, кој поттикнува омраза, и на недостигот од адекватна реакција на институциите во претходни слични знаковни случаи, што создава чувство на неказнивост кај сторителите. Потсетуваме дека по последниот пожар во Република Северна Македонија против Бугарскиот културен клуб во град Битола, наместо да добие соодветна казна, потпалувачот беше хероизиран и вовлечен во предизборна политичка кампања. Бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да се спротивстави на обидите за создавање атмосфера на страв кај Бугарите во Република Северна Македонија, стои во соопштението од МНР на Бугарија.
Како што веќе информиравме, денеска околу пладне пред седиштето на Амбасадата на Бугарија непознато лице ги запали две паркирани дипломатски возила. Полицијата го обезбедува просторот, додека реакции со осуда упатија македонската влада и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.





