За малку ќе јадевме пилешко произведено во јануари 2025 година од Бразил

Raw chicken meat legs on wooden table

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека спречила увоз на 23,6 тони замрзнато пилешко од Бразил, произведено во јануари 2025 година.

Според објаснувањето на Агенцијата, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи  од животинско потекло. Забраната е заради заштита  од внесување на вирусот на високопатогена  авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава.

-Пратката е одбиена бидејќи месото било произведено во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година, соопшти АХВ.

Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со  над 26 тони замрзнат пилешки батак.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ