Се удави дваесетгодишник од Октиси кој бил со педалинка во Охридското Езеро

Вчера попладне во 15:07 часот во ОВР Струга е пријавено дека на „Машка плажа” во Струга, од водите на Охридското езеро е изваден давеникот С.С.(20) од с. Октиси, струшко, кој бил со педалинка во езерото. Тој е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош, а во 16:05 часот починал.

-Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е вид од увидна екипа на ОВР Струга, соопшти МВР.

Со момчето синоќа се прости Муфтиството од Струга.

„Со длабока тага и искрено жалење ја примивме веста за трагичната смрт на младиот Сенит Селимоски (21) од Октиси. Во овие тешки моменти, Муфтиството на ИВЗ – Струга, во име на Муфтијата Х. Ади еф. Муртиши, имамите и верниците, изразува најискрено сочувство до семејството Селимоски, роднините, пријателите и сите кои го познаваа и го сакаа, напиша Муфтиството во објавата на ФБ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ