Седумнаесет годишно момче од селото Почивало во општина Карбинци е тешко повредено по пад од коњ. Од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираа дека вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено оти кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од село Почивало, општина Карбинци.




