Во осумдневен притвор замина скопјанецот кој ги потпали возилата на бугарската Амбасада

Основниот кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството и му одреди осумдневен притвор на И.Д.С. 44-годишен скопјанец, кој во понеделникот запали две паркирани дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Обвинителството ми поднесе пријава за делото Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

-На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, соопшти Обвинителството.

Сторителот го признал делото, соопшти МВР.

– Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело – велат од МВР

Инцидентот ги уште толку ги затегна односите меѓу Македонија и Бугарија. И двете страни го осудија инцидентот, а бугарското Министерството за надворешни работи го повика вршителот на должноста шеф на Амбасадата на Македонија во Софија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ