СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата”

СДСМ реагираше со соопштение на најавената реконструкција на Владата:

„Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.

Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. 

Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот.

ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери”.

Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого?

Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите. 

Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. 

Сè друго – од економија, до европски пат, е целосен неуспех.

Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација.

Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати. – стои во соопштението на СДСМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ