Општина Кочани одвојува 400 илјади денари за одржување на фонтаните кои воопшто не работат

Според Програмата за одржување на фонтани на Општина Кочани, за 2026 година се предвидени вкупно 400.458 денари за одржување на градските фонтани, пишува Радио Кочани.

Од нив, 200.458 денари се наменети за фонтаната „Зрно“, а 200.000 денари за фонтаната во Паркот на Револуцијата.

Сепак, и покрај предвидените средства во општинскиот буџет, граѓаните реагираат дека фонтаните и оваа година не се ставени во функција навреме.

Иако летната сезона е во тек и високите температури веќе се секојдневие, фонтаните во градот сè уште не работат, оставајќи впечаток на неодржуван јавен простор во период кога тие треба да придонесат за поубав амбиент и освежување во урбаното јадро.

Извор: Радио Кочани

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ