Возат без возачка, пијат па се фаќаат за волан! МВР со детали за несовесни возачи

Фото: МВР

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол.

-Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол. Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две лица во Тетово (еден малолетник, ), две лица во Скопје, и по едно лице во Кочани, Прилеп и Дебар возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Виница и Гостивар управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР и додаваат:

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, се вели во соопштението од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ