Трпение, за неколку дена се ќе знаат новите министри, најави Мицкоски

Фото: Принтскрин

 За неколку дена ќе биде познат исходот од тековните преговори за реконструкција на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски  денеска кој присуствуваше на промоција на учебници во ОУ „Љубен Лапе“. 

– Сега траат преговорите за реконструкција на Владата и ве молам за трпение, за неколку дена сè ќе биде познато – рече Мицкоски, на новинарско прашање кој бил најуспешен министер и дали имало неуспешни.

Мицкоски, прашан дали има место за нови партнери во Владината коалиција и дали на таа тема би разговарал со Арбен Таравари кој вчера во телевизиско интервју не ја исклучи можноста за разговори повторно да стане дел од Владата, ако добие гаранции околу евроинтеграциите на државата, одговори дека „нема поголема гаранција  за евроинтегративниот пат од раскинување на договорот со Ѓока констракшн“.

-Вакви работи не се разговараат преку медиуми – рече Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ