Вчера попладне во 13:30 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на отворено помеѓу селата Делисинци и Сарамзалино, светиниколско, каде гореле сува трева и грмушки. Пожарот се проширил кон ниви со жито и блиската борова шума.
-Полициски службеници од ОВР Свети Николе излегле на местото и било констатирано дека со пожарот била зафатена нива посеана со жито, сопственост на непознато лице, нива посеана со јачмен, сопственост на Д.Н.(56) од Свети Николе, како и поголема површина на борова шума. Екипи на Територијалните противпожарни единици Велес и Штип, Доброволно противпожарно друштво Свети Николе и еден авион од Дирекцијата за заштита и спасување преземаат мерки за гаснење на пожарот, соопшти СВР Штип.





