Комбајн, кој жнеел жито во близина на селото Алакинци, светиниколско, закачил паднати жици за струја, по што настанал пожар и изгорело житото.
СВР Штип соопшти дека пожарот е пријавен вчера во 13:40 часот по што полициски службеници излегле на местото.
-При тоа било констатирано дека Ј.С.(57) од село Горобинци, светиниколско, додека работел со комбајн закачил жици кои паднале во нивата и го предизвикале пожарот. Екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе и жители на селото го изгаснале пожарот, а повредени лица нема, соопшти СВР Штип.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







