Извесно е дека со владината реконструкција вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ Демократската партија на Србите си заминува и ова министерство го презема кадар на ВРЕДИ. Пред заминувањето, Стоиљковиќ вели дека остава средно министерство, со намалени непродуктивни трошоци или како што пишува „за коруптивни цели“, додека вишокот вработени целосно е прераспределен.
„Буџетот на МОЗ во 2021 година, изнесувал 577.780.000 денари, додека во 2026 година изнесува 173.500.000 денари, односно во споредба со 2021 година е намален за 3 пати повеќе. Притоа, без оглед на смалувањата реализирани сите програми, плус воведена е нова Програма. Ова значи кратење на средства кои претходно биле користени за т.н. „коруптивни” цели и дека повеќе нема трошење пари на граѓаните за фиктивни јавни набавки, на пример, за угостителски услуги, за консултантски услуги, сомнителни договори за дело, исплата на додатоци за плата и на К-15 на лица кои не одат на работа итн…, пишува Стоиљковиќ.
Тој потсетува на фактот дека во 2021 година повеќе од 1500 лица кои земале пари од граѓаните и не оделе на работа. До сега, сите се прераспределени.
„Во овој момент завршено е со пристапот: “Седи дома, земај плата” и рационализиран е бројот на вработените во МОЗ. Со новиот Закон за соодветна и правична застапеност којшто е во собраниска процедура, ќе се обезбеди почитувањето на принципот на правична застапеност како основа за инклузивност и еднакви можности во јавниот сектор и гарантирање на стручност, компетентност и квалитет при вработувањето, завршува Стоиљковиќ, како што го најавува овој извештај наместо прес конференција.
Во владата на Мицкоски, Иван Стоиљковиќ влезе во јуни 2024 година. Често беше обвинуван дека претерано ги застапува интересите на Србија во македонската политика и е врската на српскиот претседател Александар Вучиќ. Албанските политичари го обвинуваа дека поддржува иницијативи за поставување српски споменици и културни симболи, што ги иритира другите етнички заедници во државата






