Ако одите кон Охрид, внимавајте на новите камери кај Ново Село – Дебрца

Фото: МВР

Нови неколку сообраќајни камери од минатата недела се поставени кај Дебрца, а наскоро се очекува нивна постепена инсталација во Охрид во рамките на системот „Безбеден град“.

Ова го соопшти Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ, кој соопшти податок дека до моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува намалување од над 99% во споредба со првиот ден од пробната фаза.

-Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година. Само во првите 24 часа од поставувањето на камерите беа регистрирани околу 110.000 прекршоци, од кои над 90% се однесуваа на брзо возење, а беа евидентирани околу 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила. Овие бројки се силен показател дека ваков систем беше неопходен. Но, уште во вториот ден од пробниот период беше видлива промената. Бројот на прекршоците се намали за речиси половина, на 50.652 дневно, што покажа дека системот има силен превентивен ефект и влијае врз однесувањето на учесниците во сообраќајот, рече Велјановски.

Системот „Безбеден град“ првично беше воведен во Скопје, Тетово, Куманово и на коридорите 8 и 10, а потоа се имплементираше и во Велес. Главната цел на „Безбеден град“ е да се спасуваат човечки животи, да се намали бројот на тешки сообраќајни незгоди и до 2030 година да се преполоват смртните случаи и сериозните повреди на патиштата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ