Минимално намалување на цената на нафтата, а мал раст на бензинот од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени во однос на изминатата недела, соопшти РКЕ. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 22.06.2026 година и со тоа малопродажната цена
на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.

Новите цени од ноќеска на полноќ:

-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,50 (денари/литар)

-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,50 (денари/литар)

-Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 (денари/литар)

-Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС – 41,495 (денари/килограм)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ