Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот. Од Министерството за внатрешни работи потврдија за МИА дека пријавата за пожарот била примена утринава.
-Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот, информираат од МВР.
За пожарот информираа и од ЦУК.
-Преку Е-112 добиена пријава за пожар на сува трева, истиот се проширува кон куќите, кај Џиди Комерц, Шуто Оризари. Известени се БППЗ на Град Скопје, велат од ЦУК.







