Претреси во Демирхисарско, пронајдено оружје, приведени четири лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при вчерашните претреси во Демирхисарско лишени се од слобода четири лица откако кај нивните домови е пронајдено оружје.

-Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети. Исто така на 01.07.2026 во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од с. Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар – посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по документирање на настаните против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ