Воведување на сосема нов политички систем, национализација на клучните компании, како ЕВН и Телеком и воведување на смртна казна за финансиски проневери – се дел од идеите за промени и напредок на Македонија, изнесени до емисијата „Стадион“ од Митко Јованов, политиколог, кој живее и работи во Германија. Не само тоа, туку комплетно следење каде одат парите од Буџетот, бидејќи како што вели Јованов има многу непотребни институции и места што непотребно ги трошат парите на граѓаните. Јованов, смета дека треба да се укинат местата советник во Владата, прочистување на некои министерства. Нема потреба на пример од Министерство за спорт.
-Да се воведе смртна казна барем за наредните десет години за финансиски проневери. И во САД имаме смртна казна, иако важи за најдемократска држава во светот. Некои компании, како електроенергетските, телекомуникациските компании, треба да бидат државни. Имаме искривена слика што значи државен капитал – ако е државен не значи дека е социјализам. Наместо сто милиони евра профитот од ЕВН и Телеком да завршува во Германија, ако е државен, ќе останат тука. Да се национализираат и да се запише во Уставот дека државниот капитал се управува согласно пазнарните принципи и не може владата да манипулира. Ова ќе наиде на голем отпор од ЕУ, ќе не’ санкционира, но ние мора со нешто да се прославиме. Ова ќе почне низ другите држави, бидејќи Западот е во криза од 2008- мата. Профитот го делат компаниите, а загубите со народот, заклучува Јованов.
Емисијата Стадион е во тек и може да ја погледнете на линкот:






