МВР го обезбедува плацот со фотоволтаици во штипско заради инспекциски надзор за пожари

По протечените фотографии во јавност, на кои се гледа дека полициски службеници го обезбедуваат плацот на кој се случи пожарот на фотоволтаични панели во петокот на 03.07.2026, а во кои дел од јавноста прашуваше зошто приватен имот се обезбедува со државни ресурси, Канал 77 се обрати до Министерството за внатрешни работи, од каде појаснија:

„Ве известуваме дека полициското обезбедување на локацијата е од превентивен карактер. СВР Штип презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот. Времетраењето на полициското обезбедување на локацијата ќе биде согласно безбедносната проценка, односно се до завршување на увидот од страна на инспектор за пожари.“ – велат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ