Го внесе ли пиштолот во авион Сиљановска Давкова подарок од Ердоган со кутија вистински куршуми?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за самитот на НАТО во Анкара  на сите учесници им подари како што најавија тускит медиуми „симболичните подароци“. Подароците предизвикаа големо изнанадување кај лидерите на државите членки на НАТО, бидејќи Ердоган на секој од нив им подарил пиштол со гравирано нивно име и кутија со вистински куршуми.

Прв изнанадувањето го сподели британскиот премиер Кир Стармер, кој зборуваше за ова прашање на враќање од самитот. Тој рече дека не може да го понесе оружјето со себе во Велика Британија бидејќи неговото внесување би било нелегално според британскиот закон.

Пиштолот на Стармер ќе остане во Анкара и се очекува да биде повлечен од употреба, и покрај тоа што Ердоган обезбеди лично писмо со кое се укинуваат ограничувањата за извоз на оружјето од Турција.

Британскиот премиер го опиша подарокот како неочекуван избор на турскиот претседател. Сè уште не е познато дали другите лидери на НАТО се соочиле со истите пречки при транспортот на подарокот.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова учествуваше на Самитот на НАТО во Анкара заедно со министерот Тимчо Муцунски. Беше споделено и видео на влезот на македонската делегација во авионот на враќање дома. Дали пиштолот подарок е во авионот, засега не е познато.

Покрај пиштолот, лидерите добија и по традиционални подароци, меѓу кои и книгата „Политиката на храброста: Ердоган и подемот на Турција“, луксузно издание, како и тефтер и пенкало со името на секој лидер на него.

Извор: Топ ченел

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ