Синоќа околу 20:20 часот, од Медицинскиот центар – Гостивар е до донесено 14-годишно девојче без знаци на живот. Полицијата соопшти дека се работи за Ш.Н. (14) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.
Според првичните информации, девојчето паднало од лулка во паркот. Тоа било итно префрлено во болница, по што лекарот се обидел да го реанимира, за во 20:55 часот да констатира смрт.
По наредба на јавниот обвинител, телото е дадено на обдукција, додека надлежните органи ги истражуваат сите околности за оваа трагедија.






