Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – Избрани 8 нови министри

Собранието ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата предложена од премиерот Христијан Мицкоски. Осум нови имиња влегуваат во извршната власт, а власта најавува нова енергија и поголема ефикасност во периодот што следува
  • Нов состав на повеќе министерски ресори по одлуката на Собранието
  • Изборот помина со 69 гласа „за“, без воздржани и против
  • Мицкоски најави ново темпо и поголема одговорност во Владата

Влада со нови министри продолжува со работа по реконструкцијата што ја предложи премиерот Христијан Мицкоски. Промените опфатија повеќе ресори, меѓу кои правда, здравство, земјоделство, култура и туризам, како и социјална политика.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Реконструкцијата на Владата носи нови имиња и политички предизвици

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за нов министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против.

Видете исто така: Реконструкцијата на Владата е обична тепачка за фотелји, велат од СДСМ

Непосредно пред гласањето премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е среќен со изборот на новите министри, кои денеска очекува парламентарното мнозинство да ги избере, како и со оние со кои досега соработувале, но и со оние кои не се предмет на оваа реконструкција.

-Среќен сум што го имам ова парламентарно мнозинство, кое досега испорача многу реформски закони, кои, впрочем, и еврокомесарката Марта Кос го истакна при нејзината последна посета кај нас, и тоа јавно. Дури мислам дека тоа беше изјава од која многумина беа негативно изненадени за нив, а позитивна за граѓаните и за државата. И мислам дека и како парламентарно мнозинство, и како состав на Владата, можеме заеднички да направиме многу работи во периодот што следи – рече Мицкоски.

Тој исто така како премиер им се извини на пратениците и на граѓаните за денешните настани во Собранието и рече дека тоа никогаш нема да се повтори.

-Исто така, ќе ми дозволите, како претседател на Владата, да им се извинам на вас, пратениците, и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори – истакна Мицкоски.

Претходно на седницата беа разрешени досегашните министри: за правда – Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците – Игор Стоиљковиќ, за здравство – Азир Алиу, за туризам и култура – Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани, за локална самоуправа – Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор.  Разрешени беа и заменик-министрите за социјална политика, демографија и млади и за култура и туризам, Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани, кои сега се на министерските позиции во истите министерства.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

Извори: МИА, Канал 77

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ