Во тендер коалицијата владее хаос. Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев. ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе, се вели во соопштението од СДСМ, кое ви го пренесуваме во целост:
-Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори. Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја. Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери. Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати”, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка. Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција? Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење. Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови.
Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори. Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот. Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства. Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец. Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат.







