Судскиот совет на седница пред малку избра шест нови судии во Апелациониот суд од Штип, во кој влегоа пет судии од штипскиот Основен суд и една судијка од Основниот суд од Струмица. Тројца од нив се за граѓанската област и тројца од кривичната.
За нови судии во Апелациониот суд за граѓанската област се избрани Маја Џорлева, Александар Цацков и Мери Гичева, сите тројца досегашни судии на Основниот суд – Штип. За во кривичната област во Апелација ќе судат Цона Каламерникова од Основниот суд – Струмица и двајцата судии од штипскиот Основен суд: Јулијана Неткова и Сашко Георгиев.
Со тоа, Основниот суд од Штип останува на само пет судии и претседателот. Оваа бројка е значајно помала од бројот на потребните судии.
Во исто време, се екипира Апелациониот суд, каде подолго време, судат осум судии со претседателот. Со денешниот избор, повисокиот суд во Штип ќе има 14 судии.






