Азир Алиу му ја предаде функцијата министер за здравство на Сашо Клековски

Досегашниот министер за здравство Азир Алиу денеска во Министерството му ја предаде функцијата на новиот министер Сашо Клековски.

На средбата, како што е објавено на Фејсбук страницата на Министерството, се разговарало за досегашните проекти, тековни процеси и активности кои во изминатиот период беа во фокусот на МЗ.

Сашо Клековски е еден од осумте нови министри, кои беа избрани синоќа на собраниската седница за реконструкција на Владата.

Клековски пред да биде назначен за министерката функција беше директор на Фондот за здравствено осигурување, што со реконструкцијата на Владата сега ќе го предводи Златко Перински, кој претходно беше министер за локална самоуправа. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ