По само пет месеци од изборот, уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка. Тој во фебруари дојде на местото на претходната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани во декември. При гласањето, Наумовски доби 63 гласа „за“ од парламентарното мнозинство и седум „против“.
Но, од Уставниот суд велат дека оставка од Наумовски не е доставена.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
-До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, велат од Уставен.
Според неофицијалните информации од медиумите оставкта била од приватни причини.






