Го лажел дека ќе му го врател запленетиот затен накит, а го измамил со уште скоро 30 илјади евра

Фото: МВР

Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција.

Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра.

– Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но, за тоа морал да плати. Пријавителот му ги дал парите, но, подоцна сфатил дека бил измамен – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ