Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик.
-На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното дејствие. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираат од ОЈО.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Претходно за Англичанецот информираше и МВР.
-На 16.07.2026 во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија. А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информираа од МВР.






