Ветерот носеше покриви во Делчево, поплавени повеќе куќи, порои по улиците по синоќешното невреме

Од синоќа по 19 часот, по краткото но силно невреме со пороен дожд и силен ветер што го зафати Делчево и регионот, градот остана без струја, но со многу последици, кои се санираа до доцна во ноќта. Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета лимен покрив, при што за среќа, немаше повредени луѓе. На терен излегоа пожарникарите, кои го санираа делот од покривот, кој остана на зградата.

Поради скинат далновод под Турски гробишта, градот остана без струја. Граѓаните јавија и за падната бандера. Улиците беа под вода, додека граѓаните од повеќе делови од градот јавија за откриени покриви и поплавени куќи.

Засега се зборува за големи материјални штети, кои деновиве ќе се евидентираат.

Фотографии: ФБ и Делчево 365

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ