Министерот за здравство Сашо Клековски денес беше прашан дали се очекува нов бран на пациенти откако ќе биде поминат периодот на инкубации.
Тој рече:
-Значи јас би замолил да нема слободни јавачи на епидемијава, бидејќи гледаме и доктори кои не се епидемиолози или инфектолози. Даваат различни совети, различни мислења. А знам дека вакви состојби се популарни за кликови и за собирање лајкови, меѓутоа би замолил да граѓаните ги следат а службените упатства и официјалните а канали. Ние секако ја следиме состојбата. Значи во анализата на а а микробиолошката и вирусната состојба е вклучена и клиниката за инфективни болести кои има најширок панел на бактерии, вируси што може да се контролира. Значи нема вирус кој не може да биде детектиран, а водата ќе биде преставена во употреба која ќе биде апсолутно сигурна. Во моментот не се утврдени агенси кои би предизвикале промена на клиничката слика на а после оваа ситуација од она што јас го имам видено како резултати тоа се вируси и бактерии кои даваат веднаш клиничка аа слика како што ја имаме со стомачни проблеми и треска.






