Oркански ветер со брзина од 134 km/h дуваше вчера во Штип – соопшти УХМР

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Максимално измерени вредности на ветерот историски во Македонија, бил 150 km/h.

Во Скопје орканот бил за нијанса послаб. Како што соопшти УХМР, во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW). Ветер со истата јачина од 130 km/h е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).

Како што објаснуваат хидро – метеролозите, оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118km/h. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ