Маж(26) силувал и вонбрачно живеел со дете кое не наполнило 15 години

Маж(26) од радовишко село силувал и повеќе од една годин живеел во вонбрчна заедница со малолетничка, кој не наполнила 15 години.

-СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години” по член 188 и „вонбрачен живот со дете” по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години. Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ