Во Штип вчера се случила драма. Додека се возеле со автомобил, од возилот преку прозорецот испаднал сопатникот
-На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Штип.




