„Болката се менува, но не исчезнува“ – Сузе Турунџиева со потресни зборови за годишнина од смртта на сопругот

Пејачката и водителка СузанаТурунџиева утрово се потсети на сопругот Марјан, кој ненадејно почина пред 10 години. Таа со зборови полни емоција се присети на времето когабиле среќни и на загубата и празнината што ја чувствуваат една деценија.

-Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден… Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш .. Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите зборови и топлината што ни ја даваше. Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува. Научивме да живееме со празнината, но никогаш да не престанеме да те сакаме и да те спомнуваме. Ти благодарам што моето дете го сакаше како свое… Ти благодарам за секој момент кој го споделивме, за секоја лекција и за љубовта што ни ја подари… Твојата љубов е наша сила, напиша Сузе.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ