Марковски заминал преку граница без проблеми, судот му го вратил пасошот за да оди во Белград да не му пропаднела фирмата

Фото: Битола њуз

Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа

Обвинетиот поседува фирма во Србија и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму

Бизнисменот Борче Марковски од Битола, кој е првообвинет за злоупотреби за јавни набавки во РЕК Битола, заминал од државава. Кога го приведоа од Обвинителството од Битола бараа мерка затворски притвор, а како причина за тоа се наведуваа ризици од бегство на осомничените, меѓу кои и за сопственикот на „Марковски компани“ .

Потоа ОЈО Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври.

Прочитајтеисто така:https://kanal77.mk/%d1%81%d0%be%d0%bf%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8/

Но, по 10 месеци без никакви проблеми тој регуларно со пасош си ја поминал грницта на државава.

Од ЈОРМ ја објаснија оваа состојба:

Прочитајте исто така: https://kanal77.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d1%80%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d0%b8%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d0%bc%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0/

-Во конкретниот случај, барањето за укинување на дополнителните мерки за претпазливост изречени при определувањето на гаранцијата е поднесено од одбраната на обвинетиот. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа, велат од ЈОРМ и додаваат:

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!


-Како аргументи за ваквата одлука, Вишиот јавен обвинител изнесува став дека со определената гаранција се исклучени околностите кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот. Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.
Сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани. Во моментов не може да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот, се вли во информацијата од ЈОРМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ