Уапсен малолетник! На 15 години, со „ланд ровер”, во еден по полноќ низ улиците на Скопје

Полицијата вчера сопрела дете од 15 години кое со „ланд ровер” се шетало низ Скопје.

-Денеска (31.07.2026) во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Ѓорѓи Капчев” во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ