(Видео) „Мислеа дека ќе им бидам марионета“ – За македонската историја со Наташа Котлар Трајкова во „Стадион“

Професорката Наташа Котлар Трајковска беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77, со која во пресрет на „Илинден“, се зборуваше за македонската историја во поблиското и подалечното минато. Котлар Трајкова беше директор на Архив на Македонија, која беше сменета со едно телефонско јавување.

-Тоа зборува и за деловната култура на нашиот политички врв. Во мојот случај делуваше како-ние те именувавме и ние ќе те смениме кога сакаме и како сакаме. Едно време им бев добредојдена. Но, изгледа нивните пресметки потоа беа во насока дека со мене не може да постапуваат како сакаат, мислеа дека ќе бидам некоја марионетка. Сепак , јас сум човек кој е 30 години во историската наука и многу добро знаев каде влегувам. Таа несреќна 2012 година кога Владата носи одлука дека ќе се премести Архивот настанаа сите компликации околу архивското работење и научно-истражувачкото работење во Институтот. Можеби и заради тоа ме сменија. Мислам дека нјголемиот мој грев е она фамозно инсистирање да се оддели партијата од државта.Политичарите мора да расчистат со својата партиска позадина во моментот кога ќе станат државен службеник , рече професорката.

Во текот на емисијата со професорката се проговори за многу теми од македонската историја, за многу револуционери со сите нивни достигнувања и грешки, со еден збор за револуционерна Македонија и . историјата на Бугарија. Професорката одговори и на прашањето зошто веќе ја нема во јавноста.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ