Утрво екипата на ТППЕ Струмица спасила два животи на мајка и дете кои тргнале накај мнастирот „Св. Илија“ и паднале во провалија.
-Во раните утрински часови, околу 05.15 часот, тим од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица интервенираше во извлекување на мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема безбедно ги извлекоа двете лица од непристапниот терен и ги предадоа на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување. Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена, информираат од ТППЕ Струмица и уптауваат апел:

-Апелираме до сите граѓани кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да се движат внимателно, особено во раните утрински и ноќните часови по стрмни и непристапни делови од теренот. Секогаш подготвени да помогнеме и да спасуваме човечки животи, се вели во информацијата од ТППЕ Струмица.






