Омар е еден од 60.000 мигранти кои се обиделе да ја преминат границата во Сеута, шпанска енклава во северна Африка опкружена со Мароко.
Почнал да учи англиски јазик на седумгодишна возраст. Кога Омар допливал до брегот на Сеута, неговиот поглед бил насочен околу 1.600 километри на север, објавува британскиот „Телеграф“.
Откако допливал до метото што ја означува границата меѓу Мароко и Шпанија, каде што десетици луѓе ги загубиле животите во тој опасен обид за премин, овој тинејџер го направил првиот чекор на патувањето што го планирал осум години.
„Дојдов во Сеута затоа што сакам да учам“, рекол овој 15-годишен тинејџер.
„Мојата сестра веќе живее во Шпанија. Таа е мажена и има ќерка. Сакам да учам шест години во Тарасона, а потоа можеби да одам во Англија. Навистина ми се допаѓа Англија, но тоа не значи дека не ми се допаѓа Мароко“.
Омар почнал да учи англиски јазик дома кога имал седум години.
I want to go to Spain…then maybe England, says Moroccan teenager
— UK Politics Live (@UKPoliticsLive) August 1, 2026
This is one of the very worrying things about the EU illegal migration crisis. It’s a funnel, to illegal dangerous dinghy crossings to England – & then completely spurious asylum claims https://t.co/QrvS8daTMH
Додека зборуваше, илјадници луѓе околу него сè уште се обидуваа да се пробијат низ граничниот премин Тарахал, каде што паниката, пренатрупаноста и очајните обиди да се стигне до брегот ја претворија една од најзацврстените граници во Европа во најголемата гранична криза што Европа ја има видено во последната генерација.
Омар одлучил да патува откако се раширија гласините во северниот дел на Мароко дека, по промената на законот на крајот на јуни, ќе биде можно лесно да се влезе во Шпанија. Ова доведе до мигрантската криза, која го потресе единството на Европа во последните денови.
Соочен со враќањето во Мароко, Омар рече:
„Ја сакам мојата земја. Но, не гледам иднина таму. Сè е скапо, а животот е тежок. Моите родители се разведени. Мајка ми мора сама да одгледува четири деца. Мојата постара сестра е мажена. Другата сестра работи. Потоа тука сме јас и помладата сестра. Мајка ми не може сè да прави сама“.
Омар рече дека неговите амбиции се скромни.
„Сакам да учам, да работам и да изградам иднина за себе и за моето семејство. Засега, таа иднина останува во Мароко.“
Врховниот суд на Шпанија пресуди дека мигрантите пресретнати на море нема автоматски да бидат вратени, што ги зголеми надежите кај многу Мароканци дека би можеле да стигнат до копнена Шпанија преку Сеута, пренесува српски Телеграф.






