Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа” и „прва по туризам”, но реалноста на граѓаните е сосема друга, се вели во соопштенито од СДСМ, кое ви го пренесуваме во целост:
-Платите стојат. Инфлацијата продолжува. Цените растат секој месец. Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии. Владата сака да го национализира вториот пензиски столб – да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа.
Есента доаѓа. Во септември почнува училиште. Зимата е блиску. Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав. Увоз на струја значи ново поскапување. Централното греење поскапе. Ќе поскапи и огревното дрво. Владата не е способна да води економска политика.
Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања. Земјоделците се во најтешка состојба. Нафтата и ѓубривата поскапеа. ИПАРД фондовите ги нема поради корупција. ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада. Нема мерки, нема откуп, нема субвенции. Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај.
Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата.







