Наместо за 25 денари, шише вода за Гостивар набавивме за 12,5 денари, демантираат од Влада

Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации.

Реакцијата на Влада доаѓа по тврдењата на СДСМ дека е склучен договор со директно договарање, без јавен оглас, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според СДСМ, од достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка”, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

-Набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба, информираат од Влада и додаваат:

Прочитајте исто така: https://kanal77.mk/sdsmbiznis-zdelka-od-100-000-evra-na-mickoski-i-vmro-okg-so-voda-golema-grizha-za-graganite-na-gostivar/

-Станува збор за дрски и безобразни лаги. Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда. Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба, велат од Влада

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ