(Видео) „И СДСМ и ВМРО се деца на Лазо и на КПЈ“ – Петар Богојески во „Стадион“

Петар Богојески од „Македонски концепт“ беше гостин во емисијата „Стадион“ на тема- Македонија 35 години без компас и концепт или „роди ме мајко со к’смет и фрли ме во политика“.

Во емисијата беше зборувано за политиката, релација десница-левица, македонската историја, македонизмот…

-Политиката ми одзеде многу во животот, ми го одзеде спортот, ми ја одзеде младоста, ја посветив на политички активизам, на идеи во кои сум верувал дека создаваме додадена вреност за македонството, во исто време сткнав доста пријтели, научив многу работи, стекнав неповторливо искуство. Политиката е многу сурова, те учи да бидеш издржлив, снаодлив, бидејќи е свет во кој нема пардон, правила и почит. Едно време имаше, се почитуваше на времето рализиран човек, универзитетски профсор во политиката. Сме гледале со пиетет на тие ликови. Социјалните мрежи направија човек кој ништо не постигнал во животот да напише ти изгубен, небитен, неписмен. Јас како десничар сум народен, рече Богојески и додаде:

-Во Македонија не е сменет системот 80 години, тоа е КПЈ систем. За време на комунизмот бевме најсиромашни, живеевме како глувци. Имавме едно чоколадо, чекавме половина кило млеко или јогурт да купиме. Сиромаштијата купуваше црн леб, а администрацијата јадеше бел. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ само го продолжија системот на КПЈ. Јас ја потрошив младоста борејќи се во условно кажано десница, мислејки дека серизоно се борам за промена на власта на КПЈ. Проблемот е во тоа што јс младоста сум ја потрошил верувајќи дека се борам за промена на власта на КПЈ. Но, сум се излажал. Сум се излажал кога сум мислел дека со Љубчо или со Грујо менуваме власт, рече меѓудругото тој.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ