Повторно затруено дете во Куманово

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Неодамна, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.

Лани, во кумановскиот регион беа евидентирани неколку случаи на труење кај деца, во дел од кои тие проголтале средства за чистење и дезинфекција, а во неколку  и лекови. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ